
Борис Сарафов (1872–1907) – револуционер, војвода и еден од најистакнатите дејци на македонското ослободително движење.
Револуционер, војвода и учесник во Илинденското востание
Борис Сарафов е роден на 12 јули 1872 година во селото Либјахово, Неврокопско (денес во Гоцеделчевскиот крај). Основното образование го стекнал во Солун, а потоа се преселил во Софија, каде што во 1894 година го завршил Военото училиште.
Во 1895 година влегол во Македонија со чети испратени од Врховниот македонски комитет. Во текот на таканареченото Мелничко востание, го зазел градот Мелник, каде што се задржал неколку дена.
Во 1899 година Борис Сарафов бил избран за претседател на Врховниот македонски комитет во Софија, од каде активно работел за поддршка на македонското револуционерно движење.
На Смилевскиот конгрес во 1903 година бил избран за член на Главниот востанички штаб. Негова задача била да го изработи Востаничкиот дисциплинарен устав. За време на Илинденското востание учествувал во повеќе борби во Битолско, Демирхисарско, Леринско, Костурско и во други реони на Македонија.
По задушувањето на востанието извесно време престојувал во Бугарија, носејќи го со себе и востаничкото знаме.
На 28 ноември 1907 година, во Софија, заедно со Иван Гарванов, бил убиен од Тодор Паница.
Борис Сарафов останува запаметен како една од најзначајните личности во македонското револуционерно движење од крајот на XIX и почетокот на XX век.