Максим Ненов

Максим Ненов

Максим Ненов е роден во селото Тресонче, Малореканско, во 1870 година.

По завршувањето на основното образование во родното село станал ученик на познатиот зограф Дичо Зограф. Кај него го изучил зографскиот занает, а подоцна заминал во Стара Загора, Бугарија, каде што се стекнал со углед како зограф, ѕидар и калиграф.

Во Бугарија се поврзал со македонската емиграција и во 1899 година се приклучил кон ВМОРО.

Во летото 1902 година бил четник во четата на полковник Атанас Јанков, а кон крајот на истата година, заедно со Павел Караасанов, бил помошник-војвода во четата на Јанаки Јанев.

Во пролетта 1903 година, по повик на Галичкото реонско началство, дошол во Софија и формирал чета од 53 Галичани и Реканци, со која тргнал кон родниот крај за да се вклучи во подготовките за претстојното востание.

На 29 мај 1903 година, кај месноста Голема Планина, на врвот Чавките, четата била откриена од турскиот аскер. Во жестоката борба што следела, со големи загуби на двете страни, загинал и војводата Максим Ненов.

Неговата смрт претставувала голема загуба за револуционерното движење во Реканскиот крај, непосредно пред избувнувањето на Илинденското востание.