
Милан Арсов е роден во 1885 година во селото Ораовец, Велешко.
Се школувал во Битолската и Солунската машка гимназија, но не го завршил образованието. За време на престојот во Солун се запознал со анархистичките идеи на членовите на кружокот „Гемиџии“ и станал член на Македонскиот таен анархистички кружок.
Во април 1903 година активно учествувал во подготовките и извршувањето на Солунските атентати. На 28 април 1903 година, заедно со Димитар Мечев и Иван Тричков, ја минирал железничката линија Солун – Дедеагач.
Следниот ден, на 29 април, фрлил бомба во летниот театар „Алхамбра“. По извршената акција бил ранет и уапсен од турската полиција.
Заедно со останатите заробени членови на „Гемиџиите“ првично бил осуден на смрт, но подоцна казната му била заменета со доживотен затвор.
Бил испратен на издржување на казната во пустинскиот град Мурзук, во областа Фезан, во денешна Либија. Поради тешките услови во затворот заболел од туберкулоза и починал во 1908 година.
По амнестијата на преживеаните гемиџии, неговите соборци Павел Шатев и Георги Богданов ги пренеле неговите посмртни останки и ги предале на семејството за достоен погреб.