Писмо од Главниот штаб на Илинденското востание до директорот на Источните железници (1903)

Господине Директоре,

Главниот штаб на Македонско-Одринскиот Револуционерен Комитет има чест да и соопшти на Почитуваната дирекција на Источните железници, дека тој денес реши да го почне востанието во името на слободата на христијанското население во Македонија и Одринско против турскиот режим.

Овој режим пет века не само што не ги признава најелементарните човечки права, туку не покажува и не им дава ни најмала гаранција за животот, имотот и честа на христијанското население, кое како резултат на тоа дојде до последна крајност и се виде принудено да ја прокламира борбата против својот крвав непријател со извикот: „Слобода или смрт!“

Бидејќи востанието по апсолутна неопходност ќе биде придружено од некои атентати по железните патишта, наведениот Штаб, по човечки долг ја предупредува почитуваната дирекција да биде благоразумна и да не допушти во текот на тие денови жителите на државата да патуваат по Источните железници, за да не станат невини жртви.

Дозволете да примите, Господине Директоре, уверение со наша длабока почит.

Членови на Главниот штаб:

  • Даме Груев
  • Борис Сарафов
  • Анастас Лозанчев