Крсте Петков Мисирков

Крсте Петков Мисирков е роден на 18 ноември 1874 година во селото Постол, Ениџевардарско.

Основното шестгодишно образование го стекнал во грчко училиште, средното образование го завршил во Шабац и Белград во 1895 година, а високото образование го продолжил во Санкт Петербург, Русија. Во 1902 година дипломирал на Историско-филолошкиот факултет.

Мисирков е еден од основачите на Тајниот македонско-одрински кружок (ТМОК) во Санкт Петербург, основан на 12 ноември 1900 година, и бил негов претседател.

Извесно време работел како професор во Машката гимназија во Битола, а потоа во Бердјанск и Одеса. Кон крајот на 1903 година во Софија од печат излегува неговото најпознато дело „За македонцките работи“.

По Првата светска војна се преселил во Бугарија, каде што извесно време живеел и работел во Етнографскиот музеј во Софија. Подоцна бил професор, а потоа и директор на гимназијата во Копривштица.

Тешко болен, починал во Александровата болница во Софија на 26 јули 1926 година. Погребан е во Софија.