Мануш Георгиев – Турновски

Мануш Георгиев, познат како Турновски, е роден на 10 август 1881 година во селото Турново, Струмичко.

Уште како ученик во Педагошкото училиште во Сер пројавил револуционерни убедувања. Поради учество во бунт против директорот на училиштето бил исклучен од наставата.

Револуционерната идеологија рано го привлекла кон ВМОРО. Учествувал на народни собири и држел револуционерни говори, најчесто составени од самиот него.

Во немирната 1903 година преминал во илегала и се приклучил кон четата на Христо Чернопеев, а подоцна бил секретар на војводата Димитар Попстаматов.

Во 1904 година бил назначен за околиски војвода на Петричката револуционерна околија. Како нејзин претставник учествувал на Рилскиот конгрес на ВМОРО во 1905 година.

На Конгресот во 1907 година бил избран за член на Окружниот комитет, како и за помошник струмички војвода и заменик на Христо Чернопеев.

Загинал на 7 февруари 1908 година кај месноста Трнка, Петричко, во борба со турскиот аскер. Во истата борба, покрај него, загинале и дваесет и петмина четници, како и петричкиот војвода Васил Скендеров.