Лазар Мишев

Лазар Мишев е роден на 10 март 1881 година во Кавадарци.

Гимназиското образование го завршил во Солун, по што се вратил во родниот град и работел како учител. Во тој период станал раководител на Тиквешкиот околиски комитет на ВМОРО.

Пред Илинденското востание бил помошник-војвода во четата на Петар Јуруков, а за време на востанието дејствувал како самостоен војвода.

По задушувањето на востанието заминал во Бугарија. По прогласената амнестија повторно се вратил во Македонија, но бил уапсен и затворен. По ослободувањето повторно се преселил во Бугарија.

Починал на 7 декември 1951 година во Софија.