
Борис Дрангов (1872–1917) – воен педагог, револуционер и учесник во Илинденското востание.
Војник, револуционер и воен педагог
Борис (Стојанов) Дрангов е роден на 3 март 1872 година во Скопје. Завршил педагошко училиште во родниот град, а потоа и Воено училиште во Софија.
Ја напуштил офицерската должност и со своја чета од околу 120 луѓе се вратил во Македонија за да земе учество во Илинденското востание.
По востанието заминал во Санкт Петербург, каде го продолжил своето воено образование и завршил воена академија.
Како полковник во бугарската армија учествувал во Балканските војни и во Првата светска војна.
Загинал на 26 мај 1917 година, како командант на 9-тиот пешадиски полк, во борбите на Македонскиот фронт кај реката Црна, Битолско.